НовостиСветот на работникотСиндикат

АЛАРМАНТНО: Работничките права масовно се прекршуваат ширум светот

   Време за читање 2 минути

Додека милиони домаќинства се борат во исцрпувачката ситуација создадена од намалените приходи и кризата со трошоците за живот, креаторите на политики и бизнис лидерите активно ги ограничуваат правата на работниците преку колективни договори да бараат поправедни плати или легално да го остваруваат своето право на штрајк, предупредува во својот извештај Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК).

Глобалниот индекс на права на ИТУК ги прикажува најлошите земји во светот за работниците оценувајќи ги државите на скала од 1 до 5+ според степенот на почитување на работничките права. А работниците и нивните права сѐ помалку се почитуваат.

На пример, извештајот покажува дека речиси девет од десет земји ширум светот го прекршиле правото на штрајк, додека осум од десет земји на работниците им го укинале правото на колективно преговарање за подобри работни услови. Во длабоко загрижувачки развој на настаните оваа година, 49 % од земјите произволно уапсиле или задржале членови на синдикати, што е пораст во однос на 46 % во 2023 година, додека повеќе од четири од десет земји ги ускратиле правата на слобода на говор или собирање.

Овие бројки и трендови потврдуваат дека глобалната слика во која со голема тешкотија се изборени демократските права и граѓанските слободи е под сериозен и непрекинат напад. Поради тоа оваа година ИТУК ја стартувал кампањата „За демократија“ во знак на поддршка на правата и слободите кои сите поединци би требало да ги уживаат без страв од прогон или угнетување, истакнал Генералниот секретар на ИТУК, Лук Триангл.

Правата на слобода на говор и собирање биле ограничени во 43 % од земјите, што е пораст во однос на 42 % во 2023 година. Во реални бројки, 65 од 151 од анкетираните земји ги прекршиле овие права, што е пораст од 21 земја во однос на 2014 година, кога Индексот започнал да се објавува. Аргентина сведочела на масовни демонстрации како одговор на обидите на претседателот Хавиер Милеј да ги криминализира протестите на улиците во склоп на мерките за штедење, додека Зимбабве донел закон кој ефикасно ги криминализира правата за слобода на изразување, мирно собирање и здружување на тамошните граѓани.

Повеќе на radniciprava.org