ПравдаСветот на работникот

Амазон ги дуплира платите на работниците поради зголемената побарувачка

   Време за читање 1 минута

Амазон вчера истакна дека ќе ги зголеми платите за прекувременото работење на работниците во неговите магацини во САД, откако рапидно порасна побаруваката за онлајн купување од страна на потрошувачите кои останаа дома поради ширењето на корона вирусот.

„Моето лично време и мислење сега е целосно фокусирано кон Ковид – 19 и кон тоа како Амазон може да ја одигра најдобрата улога“, истакнал Џеф Безос, Главен извршен директор на Амазон и најбогат човек на светот.

Работниците во магацините на Амазон во САД ќе земаат дупла плата по изминувањето на 40 работни часа, односно за 1,5 пати повеќе, од 15 март до 9 мај, рекоа од Амазон.

Ова е вторпат гигантот за електронса трговија да најави зголемување на платите на работниците за една недела. Во понеделникот, Амазон ја зголемил минималната плата на час за работниците од 15 долари на 17 долари и објавил дека ќе вработи уште 100,000 магацински работници и доставувачи во САД.

Како што вирусот се шири низ САД, Амазон понудил неограничено неплатено отсуство за да ги охрабри работниците да останат дома доколку не се чувстуваат добро. Амазон ги изменил и смените и им забранил на вработените да седат еден до друг за време на паузите, за да се намали контактот помеѓу нив.

Сенаторите на Демократската партија на САД, Кори Букер и Берни Сандерс во петокот изразиле грижа во писмото испратено до Безос, за тоа дека Амазон не презел доволно мерки за да ги заштити своите магацински работници. Сенаторите прашале дали компанијата ќе им даде дополнително зголемување на платите на работниците поради зголемениот ризик.