- Advertisement -
Светот на работникот

Амазон е една од најригорозните компании при вработување – за нив најважни се лидерските особини на кандидатот

Амазон е една од најригорозните компании - Работник
349views
Амазон е познат како една од најригорозните компании кога е во прашање вработувањето. Овој гигант е познат по поставувањето на тешки прашања и загатки на кандидатите, бидејќи во секој дел од разговорот ги вклучуваат нивните 14 есенцијални правила за лидерство.
На кандидатот му се оценуваат карактерот и неговите лидерски способности, а не квалификациите и образованието.

Оваа огласувачка работа вредна 17 милијарди долари секојдневно расте, па Амазон станал една од ретките компании која може да им парира на своите конкуренти Фејсбук и Гугул, како идеално место за сите оние кои бараат работа.

Огласувањето е работното подрачје на кое компанијата доста се фокусира. Амазон има повеќе од 1,000 отворени позиции за работа во своите седум тимови. Потребата за нова работна сила се менува како и годишните времиња, но моменталната потрошувачка е поголема од 130 места кои минатиот јуни биле отворени за вработување.

Бизнис Инсајдер разговарал со сегашните и поранешните вработени на Амазон, како и со компанијата за вработување, за да ја олеснат подговката за разговор со идните кандидати кои својата иднина ја гледаат во Амазон.

Како да добиете повик

Со препорака може да бидете за нијанса пред другите кандидати кога е во прашање разговор за работа, но оваа компанија не се потпира многу на препораки. Само 12 % од кандидатите на веб страната на Гласдор напишале дека се повикани на интервју во оваа компанија исклучиво поради препораката. За да се направи споредба, 15 % од работниците во Нетфликс биле повикани на разговор поради препораките и 25 % од работниците на Фејсбук, пренесува Гласдор.

Вработен од Амазон смета дека препораките можат да им помогнат на кандидатите да се истакнат помеѓу останатите, но дека главното интервју има најголема улога во тоа дали ќе ја добиете работата или не.

Како да се подготвите за интервју 

Разговорите за работа во Амазон се познати по својата тежина. Наместо да ве прашаат за вашите минати работи и искуства, тие поставуваат бихевиорални прашања. Целта е компанијата да пронајде луѓе кои ќе се прилагодат на културата во Амазон и затоа нивниот разговор со кандидатот кој се врши телефонски, трае еден час.

Конор Фоли, поранешен вработен на Амазон тврди дека за разговор за работа се подготвувал на веб страната на Гласдор за оценување на вработените, така што во Ворд документ ги запишувал сите прашања кои ги навеле корисниците.

Таму можете да видите дека кандидатите без искуство во маркетинг се вработени токму во тоа подрачје на работата. Поважна им е вашата склоност кон принципите на лидерство кои тие ги бараат, од тоа дали имате искуство во тоа подрачје. Еве неколку типични прашања кои им се поставуваат на кандидатите за работа во Амазон.

1. Раскажи ми една ситуација во која не си се согласувал со својот шеф или колега од тимот.

2. Раскажи ми ситуација во која си излегол од рамките на својата работа.

3. Раскажи ми настан во кој одлично си ја совладал кризната ситуација.

4. Наведете пример кога сте морале да донесете одлука од високо влијание, а не сте имале доволно податоци, ниту пак време за анализирање на ситуацијата.

Кандидатите треба да ги запомнат принципите на Амазон и да објаснат како тие ги претставуваат вредностите. Амазон користи СТАР метода (ситуација, задача, акција и резулатат) во своите интервјуа. Вработените им даваат на своите кандидати ситуации во кои треба да имплементираат одреден принцип на лидерство. Потребно е детално да се опише проблемот и да се објасни како тие би го решиле. Одговорите базирани на одредени податоци и статистики можат да го издвојат вистинскиот кандидат од бројните апликанти.

Работникот од оваа фирма проценил дека повеќе од половина успешни одговори на прашањата од интервјуто доаѓаат од способностите на кандидатот да ги квантифицира ситуациите и добро да ги објасни. На пример, работникот може да го праша кандидатот кој сака место во огласувањето, како тој би можел да му помогне на брендот да направи подобра стратегија за таргетирање на публиката за одредени огласи.