Амазон ја плаќа да не работи ништо: Вработена станала вирална откако го открила својот „работен“ ден

Една тиктокерка станала вирална откако го прикажала својот „турбулентен“ работен ден додека доставува за Амазон Флекс. Луѓето се враќаат на стариот начин на купување, а со тоа онлајн продажбата опаѓа. Поради тоа, доставувачите на Амазон останале без пакети за испорака.

Тиктокерката Диана Дунам – Нелсон, која работи за Амазон Флекс, го привлекла вниманието со своето видео кое го прикажува дистрибутивниот центар на Амазон без пакети.

„Се сомневам дека ќе постои начин да го направам тоа, што е одлично, бидејќи сум платена да одам дома и да не работам ништо“, рекла таа дрско, напоменувајќи дека има многу други кои го прифатиле тој факт.

Дунам – Нелсон вели дека заработува 28 долари на час преку Амазон Флекс, програма која им овозможува на работниците да ги користат своите превозни средства за испорака.

Ја покажала снимката од екранот на Флекс порталот кој и вели дека немало достапни рути за неа тој ден, пренесува Entrepreneur.

„Добра вест е што ќе земете плата. Сега можете слободно да си одите“, пишува на екранот.

Во коментарите многумина напишале дека сакаат да заработуваат пари без да работат речиси ништо. Други ги споделиле своите искуства со програмата.

„Се сеќавам кога за првпат ми се случи ова. Бев скршен поради тоа што бев испратен дома само да откријам дека сум платен“, истакнал еден корисник.

„Бев платен двапати само затоа што возев до таму, а немаше достапни рути“, рекол друг.

Дунам – Нелсон во делот наменет за коментари напишала „Убер за пакети“, а многумина покажале љубомора поради нејзината способност да работи за програмата, бидејќи биле на листата на чекање на Амазон „со години“.

Според Амазон, Флекс е достапен во преку 50 американски градови со „ограничени места“ за возачи во секој од нив.

Малопродажниот гигант паднал за преку 32 % во однос на претходната година од четвртокот напладне.

Извор: BIZLife

Фото: Pexeles