ПравдаСветот на работникот

Нападната вработена во основно училиште во Ѓорче Петров од женско лице

Напад врз вработена во основно училиште во Ѓорче Петров од страна на женско лице, регистрира полицијата.

Од МВР информираат дека се работи за 32 годишна жена која пријавила дека била нападната во дворот од училиштето каде што работи.

-На 13.09.2022 во 17.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.М.К.(32) од Скопје, вработена во основно училиште на подрачје на Ѓорче Петров, пријавила дека околу 16.40 часот во дворот од училиштето била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението.