НовостиСветот на работникот

Американски невронаучник советува: Една навика на работа менува се‘

   Време за читање 2 минути

Невронаучникот Дејвид Рок, основач и извршен директор на компанијата NeuroLeadership Institute, истакнал дека постои една работа која им помага на успешните луѓе да ги остварат своите цели. Имено, како што навел, се работи за луѓето кои подобро управуваат со својот мозок.

Тој верува дека многу успешните луѓе подобро ја користат својата ограничена способност за носење одлуки. Освен тоа, тоа се оние кои „сфатиле кога треба да престанат да ги решаваат проблемите.“ Меѓутоа, многу е тешко да се искористи мозокот на најоптимален начин поради бројните задачи кои изисикуваат време и внимание. Рок има неколку совети за тоа како да стигнете до најоптималниот начин.

Обрнете внимание на распонот на вниманието

Кога се обидувате подобро да управувате со својот мозок, Рок предлага да „обрнете внимание на своето внимание“. Тој ова го опишал како воочување на примероците во квалитетот на размислување во текот на денот. На пример, забележувањето дека наутро сте фокусирани, а попладне неверојатно тромави.

Како и многумина, можеби наутро имате побистра глава поради тоа што се‘ уште не сте се соочиле со пожарите кои треба да ги гасите и задачите кои ќе морате да ги преземете во текот на денот. До крајот на смената вашата глава може да биде исполнета со разни обврски кои настанале и може да ви биде тешко да се фокусирате.

Прво завршете ги креативните работи

Кога ќе го видите квалитетот на вашето размислување, можете да започнете да ги планирате вашите работни активности во согласност со тоа. Ако умот ви е најбистар наутро, искористете го тоа време за подлабоко и посложено размислување бидејќи, како што тврди Рок, едноставно можете подобро да се фокусирате и да ја зголемите продуктивноста. Оставете ги помалку креативните работи за моментите кога ќе можете повеќе да се сконцентирирате.

За многумина, Рок препорачува прво да ги завршат креативните задачи, а потоа оние итните и важните, па да се фокусираат на мејловите и сето останато. На ставот е дека на овој начин можат да се искористат „најмоќните моменти на мозокот“ на задачите на кои им се навистина потребни.

Ја истражил оваа навика и резултатите од тоа истражување ги објавил во книгата „Low Brain at Work“. Преку истражувањето утврдил дека оние кои ја имаат споменатата навика се посреќни, попродуктивни и помалку се под стрес или, како што рекол, имаат поголема мозочна енергија.

Извор: Blic.rs/CNBC

Фото: PeopleImages.com – Yuri A / shutterstock