Ампева со апел до работниците од НикобЛаб: Спогодбата е незаконска, барајте си ги правата од работен однос

Фејсбук статус на Кристина Ампева:
Апел до овие вработени. Овоj документ дека се откажувате од вашите права , е незаконит , така да , барајте си ги правата од работен однос. Никој никогаш не може да се откаже од свои права. Така да, оваа хартија би послужила да запалите оган. Да избришете прозор, не знам.
Ако знаете некој од овие луѓе, пренесете им. Оваа спогодба треба да биде поништена од страна на трудов, не потпишувајте нова. Нек си платат опремнина , ова треба да е отказ од деловни причини а не некоја спогодба. Никој работник не би се потпишал на нешто каде би бил оштетен. Обична манипулација. Толку.