ЕкономијаМакедонија

АНАЛИЗА: 0 или минимална реализација испорачале над 70% од министерствата во првиот квартал од капиталните инвестиции

   Време за читање 4 минути

Заклучно со 14 ти април реализирани се 10, 3% од капиталните инвестиции. Првиот квартал од годинава заврши со остварување од само 8,95% од планираните јавни инвестиции на годишно ниво. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првите три месеци од годинава дел од ресорите кои управуваат со поголеми буџети за јавни инвестиции имаат ниска стапка на остварување, па дури има и министерства и институции кои имаат реализација 0 ( нула), пишува Порталб.мк.

14 министерства со остварување на јавните инвестиции од 0 до 15%  

Министерството за финансии – функции на држава кое годинава за капитални расходи ( инвестициски проекти и на локално и на централно ниво) има на располагање 59,5 милиони евра, за три месеци испорачало реализација од само 7,74%. Дел од ресорите под чија “капа“ се значајни инфраструктурни проекти во првиот квартал од годинава испорачале ниски па дури и незначителни стапки на реализација на јавните инвестиции.

Така, Министерството за транспорт кое за годинава има буџет од фантастични 268,4 милиони евра , за три месеци испорачало реализација на капитални расходи од само 2,61%.  Слични 2,39% реализација од вкупната сума од 82,5 милиони евра има и во Министерството за животна средина а реализација од 3,15% во однос на вкупните 9,4 милиони евра има во Министерството за социјална политика и демографија. Помалку од 10% реализација има и во Министерството за економија  5,18%, во Министерството за финансии 6,44% и во Министерството за здравство 9,19%. Министерството за образование со буџет за капитални расходи во износ од 37,6 милиони евра, за три месеци потрошило само 10,5% од парите а новото Министерство за спорт од планираните 7,8 милиони евра реализирало 15,09%. Новото Министерството за енергетика кое доби 3,3 милиони евра за капитални инвестиции,  во првиот квартал испорача остварување од само 1,46% а Министерството за дигитална трансформација 1,43%. Министерството за јавна администрација пак е со реализација од 0,95%.

                        Реализација на капитални расходи ( прв квартал)

Мин за јавна администрација                              0,95%

Мин за дигитална трансформација                     1,43%.

Мин за енергетика                                                    1,46%

Мин. за транспорт                                                     2,61% 

Мин.за животна средина                                        2,29%

Мин. за соц.политика и демографија                  3,15%      

Мин за финасии                                                           6,44%

Мин за економија и труд                                           5,18%

Мин за здравство                                                         9,19%

Мин за образование                                                   10,5%

Мин за спорт                                                                 15,09%

Извор: МФ

Неодамна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека реализацијата на капиталните расходи се одвива според планираното иако за три месец остварувањето е под 10%.

„Во јануари и февруари времето беше студено, а како што знаете, најголем дел од капиталните расходи се поврзани со инфраструктура. Очекувам зголемена реализација во следните месеци“, изјави министерката.  

Повисока стапка на остварување на капиталните расходи има во Министерството за внатрешни работи со 32,3%, Министерството за култура 25,39%, Министерството за земјоделство со 21,86%, Министерството за одбрана со 21,02%, и во ресорите со помали буџети за јавни инвестиции, како Министерството за односи меѓу заедниците со остварување од 99,45%,  

Има и ресори кои во првиот квартал испорачале 0 (нула) реализација на капиталните расходи и во оваа група се Министреството за правдаМинистерство за надворешни работи и трговија и Министерството за локална самоуправа.

За три месеци со 0 (нула) реализација на јавните инвестиции има и во повеќе институции, дирекции и агенции, меѓу нив се Агенцијата за разузнавање, ДКСК, ДИК, Уставен суд, Агенцијата за управување со одземен имот, ПИОМ, МАНУ..

Капиталните расходи за годинава се позиционирани на историски износ од 768 милиони евра и се нотирани како клучни за остварување на планираниот економски раст.

Мин за енергетика од 3,3 мил евра 1,46

Мин за животна средина 82,5 мил 2,39%

Мин з аранспрт 268,4 мил 2,61%

Мин за социјална политика и демографија 9,4 мил 3,15%

Мин за финасии 6,44%

Мин за економија и труд 5,18%

Мин за образовани од 37,6 мил 10,5%

Мин за здравство од 8,7 мил 9,19