„Прашајте ги оние што утре ќе излезат да протестираат зошто одбиваат да се сложат и зошто работниците од 1ви мај повторно нема да добијат зголемување на платите“
„Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ беше темата на денешната конференција која ја организираше Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. Панел дискусијата беше поделена во три дела: Законот за работни односи, состојбата во администрацијата и дигитализацијата и психофизичкото здравје на вработените.
Во текот на конференцијата, Претседателот на КСС Благоја Ралповски даде кратка изјава за медиумите во која се осврна на конференцијата. Да ја проследиме неговата целосна изјава:


На конференцијата присуствуваа претставници од останатите организации на работници и работодавачи, пратеници и заменик министерот за администрација, Лазе Јаќимовски. На конференцијата присуствуваше и советникот на премиерот на Македонија за трудови прашања, проф. д-р Лазар Јовевски.

