- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНаукаСветот на работникот

Андреева: Малите компании сакаат неработна недела, на олигарсите не им одговара

528views

Фејсбук статус на Александра Андреева:

Ај да не се лажеме и да впериме со прст онаму каде што вистински треба да се впери.

Андреева- Работник

Стопанството на кое се повикуваат во случајов, всушност се олигархијата (1%), оние истите што и онака имаат секакви поволности и привилегии, па “недела – неработен ден” ќе им брцне малку подлабоко во џебовите отколку што они сакаат.

Во наведениов случај стопанството не се микро и малите претпријатија (99%), во најголем дел фамилијарни фирми, бидејќи истите, согласно спроведените анкети на Сојузот на стопански комори, беа согласни овој закон да биде донесен и имплементиран.

Кога требаше да им се помогне на овие компании, ни кажуваа дека фокусот на државата требало да биде на “локомотивите” на економијата, ама сега кога треба да се алиби за спроведување нечии агенди, сосема совршено им се вклопуваат во муабет. Зашто, нели, #сеЕДоПерцепцијата.

Фото: Фб