- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Андреева: Наша цел е да создадеме независни компании со сопствен слободен капитал

1.07Kviews

Фејсбук статус на Сојузот на стопански комори на Македонија:

За постигнување на планираниот раст и развој на домашната економија потребна е поддршка и стимулација на претпријатијата за да инвестираат со користење на традиционални и нови инструменти за финансирање, но уште поважно е обезбедување на поволна бизнис клима преку стабилност во планирањето и правна сигурност, без чести законски измени и реална борба против сивата економија, истакна г-ѓа Александра Андреева, член на Управен одбор на Сојузот на стопански комори на дискусија која ја организираше Министерството за финансии во врска со Планот за забрзан економски раст која беше посветена на презентирање на инструменти за финансирање на инвестиции.
“Наша цел е да создадеме независни деловни субјекти, кои нема да мора да чекаат на државна поддршка, туку ќе имаат сопствен слободен капитал за инвестиции и реинвестиции. Во оваа насока потребно е државата да интервенира и во парафискалните давачки кои ги оптоваруваат претпријатијата, како и преку регулација на цената на горивата, имајќи предвид дека околу 46% од истата припаѓа токму на државата (акциза, надоместоци и ДДВ). Преку вакви конкретни чекори, како и преку намалување на непродуктивните трошоци во државните институции, државата ќе даде пример на реалниот сектор и на среден и долг рок ќе се обезбеди намалување на јавниот долг “, истакна Андреева.
На настанот свое излагање имаше министерот за финансии г-дин Фатмир Бесими, како и вицепремиерот за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, директорот на Развојна банка,
г-дин Кире Наумов, директорот на ТИРЗ, г-дин Јован Деспотовски, директорот на ФИТР, г-дин Коста Петров. Учество во дискусијата земаа и гувернерската на НБРМ, г-ѓа Анита Бежовска и претставници на банкарскиот сектор.