
138views
Државната комисија за спречување корупција преку соопштение информира за вчерашната одлука на Уставниот суд за стопирање на владината уредба за намалување на платите на избраните и именувани функционери.
„Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот, сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност“, се вели во известувањето од Антикорпциска.
Во ДКСК сметаат дека не постои судир на интереси кај уставните судии во конкретното постапување.
Извор: Сител
Advertisement