Не бараат диплома, а платите преминуваат 2.000 евра – овие работни места се најмногу барани
Работодавачите ширум светот се’ потешко пронаоѓаат занаетчии и работници со практични вештини, поради што платите во поединечни занимања достигнале ниво кое до неодамна било резервирано за високообразованите стручњанци.
На социјалната мрежа Reddit неодамна е започната расправа за тоа кои работни места денес носат најголема заработка без факултетска диплома.
Илјадници корисници ги споделиле своите искуства, а одговорите покажале дека меѓу најисплатливите занимања, во главно, се наоѓаат занаети и технички професии за кои побарувачката не престанува да расте.
Занаетчиите најбарани
Електричари, водоинсталатери, керамичари, заварувачи и столари се меѓу најбараните работници, а многу од нив имаат закажано работа со недели, па дури и со месеци однапред.
Причината е едноставна – бројот на луѓе кои се одлучуваат за занаетчиските занимања е се’ помал, додека потребата за нивните услуги констатно расте. Обнова на станови, градење нови објекти, развој на индустријата и растот на туристичкиот сектор дополнително ја зголемуваат побарувачката за стручни работници.
Поради тоа денес не е необично искусен мајстор да заработи повеќе од вработен во канцеларија со факултетска диплома.
Електричарите меѓу најплатените
Едно од занимањата кои најчесто се споменувало во расправите на Reddit е електричар. Корисниците наведуваат дека квалитетните електричари речиси никогаш не се без работа, а нивните услуги стануват се’ поскапи.
„Пред десет години сите ми зборуваа да се запишам на факултет. Денес работам како електричар и работа имам во текот на целата година. Најголем проблем не ми е да најдам работа, туку да стигнам секаде“, објавил еден електричар.
Посебно се барани стручњаците кои работат на инсталации во новоградба, индустриски погони или системи на паметни куќи. Како што технологијата напредува, расте и потребата за луѓе кои можат да одржуваат и да вградуваат современи електрични системи.
Многу корисници наведуваат дека токму електричарите се меѓу професиите кои овозможуваат најбрз пат до заработка без повеќегодишно образование.
Водоинсталатерите и керамичарите бираат работа
Слична е ситуацијата и со водоинсталатерите. Сопствениците на станови и куќи често се соочуваат со проблем да пронајдат слободен мајстор во краток рок, додека поединечни работници поради големиот обем на работа можат да ги бираат проектите на кои сакаат да работат.
„Кога почнував, многумина мислеа дека ова е теша работа без перспектива. Денес однапред ги закажувам работите и по неколку недели. Побарувачката е огромна, особено за квалитетни мајстори“, објавил еден водоинсталатер.
Посебно се барани стручњаци за реновирање на тоалети и адаптација на стари објекти. Во поединечни слуачи, платата во текот на интензивен месец на работа може да ја премине просечната плата во Србија неколку пати.
Керамичарите, исто така, се меѓу најдефицитарните занимања. Квалитетните мајстори често имаат листа на чекање, а инвеститорите ги резервираат со месеци однапред поради големиот број на градежни проекти.
Возачите на камиони и автобуси се’ поценети
Недостигот на работна сила не е присутен само меѓу занаетчиите. Транспортниот сектор веќе со години предупредува на недостиг од професионални возачи.
„Не завршив факултет, но низ работата успеав да обезбедам стабилни примања и на семејството на му пружам сигурен живот. Професионални возачи има се’ помалку, а потребите на компаниите растат“, рекол еден возач.
Поради тоа платите на возачите на камиони и автобуси значајно пораснале, особено кај меѓународниот транспосрт. Многу компании нудат дополнителни бонуси, платени обуки и други поволности за да привлечат нови работници.
Автомеханичари
„Автомобилите се се’ посложени и затоа потребата за стручни механичари е поголема од кога и да било. Кој сака да учи и да ги следи новите технологии, тешко дека ќе остане без работа“, објаснил корисникот на Reddit.
Бројни корисници истакнуваат дека токму оваа работа им овозможила на луѓето без факултетско образование релативно брзо да дојдат до стабилни и надпросечни примања.
Заварувачите и индустриските работници меѓу најбараните
Индустријата, исто така, се соочува со сериозен недостиг на работници. Посебно е издвојуваат заварувачите, операторите на ЦНЦ машини и монтерите на индустриска оперма. Станува збор за работни места кои изискуваат одредена обука и искуство, но не и факултетска диплома. Со оглед на тоа дека овие работници се доста барани ширум Европа, работодавачите често нудат конкурентни плати за да ги задржат.
Експертите предупредуваат дека потребата од овие занимања дополнително ќе порасне во наредните години, бидејќи се’ помалку млади луѓе се одлучуваат за технички и занаетчиски професии.
Зошто младите се’ поретко избираат занаети?
Иако заработките во поединечни занаети значајно пораснале, многу млади и понатаму ги избегнуваат. Причината често се наоѓа во перцепцијата дека канцелариските занимања се попрестижни и полесни.
Меѓутоа, пазарот на трудот покажува поинаква слика. Додека за поединечни административни позции се пријавуваат десеттина кандидати, квалитетните мајстори и техничари често можат да најдат работа за неколку дена.
Токму поради тоа стручњаците во последните години се’ почесто предупредуваат дека занаетчиските занимања би можеле да станат едни од најисплатливите професионални определувања за младите генерации.
Електричарите, водоинсталтерите, заварувачите, возачите и другите стручни работници денес се меѓу најбараните профили на пазарот на труд. Како што дефицитот на работната сила се продлабочува, така и нивните плати ќе продолжат да растат.
Извор: Bizportal.rs

