- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Апликацијата „Стоп корона!“ ја имаат инсталирано 55 илјади лица и претставува сериозна алатка во рацете на медицинските работници

281views

На вчерашната прес – конференција, Министерот за здравство во однос на скринингот, рече дека Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје го завршија планот за скрининг, којшто треба да почне следната недела, некаде околу 400 до 500 тестови согласно индикациите по критични групи на граѓани.

Скринингот ќе се прави како што најавивме со ПСР – тестовите, преку матичните лекари, но после денешниот состанок на којшто присуствуваше и претседателот на Стоматолошката комора и преку матичните стоматолози ќе се врши земањето на овие брисови, заради тоа што тоа е во нивна сфера на работа.

Advertisement

Ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица, во прва фаза, понатаму и припадници на полицијата, возачите во ЈСП, таксистите, вработените во јавни служби, пациентите пред хоспитализација, пациенти, коишто треба да примат биолошка терапија – практично категории за коишто многу ни е важно да го процениме ризикот и да идентификуваме асимптоматски носители.

Тој подвлече дека зголеменото време на движење на граѓаните, а со тоа и зголемениот број на луѓе, со коишто се контактира во денот е една ситуација во којашто апликацијата „Стоп корона!“ (https://stop.koronavirus.gov.mk/) е навистина важна. Користењето на апликацијата значи дека пополнувањето на анкетите на епидемиолозите многу ќе им се олесни, заради тоа што полесно се стигнува до контактите, вклучувајќи ги и оние контакти, за кои луѓето не се свесни дека ги имале.

Advertisement

„Оваа апликација, сметам дека е сериозна алатка во рацете на медицинските работници, заради тоа што може да овозможи прекинување на синџирот на пренос на вирусот, полесно следење, рано предупредување на лицата кои имале контакт со лице позитивно на корона, навремено започнување на терапија и секако изолација на лицата кои се идентификувани како контакти. Важноста на ваква апликација вчера ја потврди и Европската комисија. Во овој момент кај нас ја имаат инсталирано 55 илјади граѓани. Во периодот којшто следи ќе спроведеме една акција и преку матичните лекари и матичните стоматолози, како апел, што повеќе граѓани да ја инсталираат оваа апликација“, потенцираше министерот Филипче.

Министерот Филипче, за состојбата во Велес и растот на новозаразени информираше дека денеска и утре интензивно работат Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кои ќе направат надзор во неколку фабрики, но и во други објекти, каде што е детектирана потребата од инспекција и во текот на утрешниот ден, во попладневните часови ќе има прецизен увид за што точно станува збор, во однос на новодијагностицираните пациенти.

Advertisement