- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

АППТ: Се отвори можност за развој на туризмот и пораст на руските туристи во државава

АППТ: Се отвори можност за развој - Работник
825views

По најавата за два нови директни лета на руската авионска компанија „НОРДВИНД” со кои се поврзаа Москва и Санкт Петербург со Скопје, се отвори можност за развој на туризмот и пораст на руските туристи во нашата земја. И покрај обидите за промоција на домашните туристички потенцијали, во изминатата декада овој пазар бележеше стагнација поради недостатокот на директен лет, но со директното поврзување оваа година, бројот на туристи во првите седум месеци во 2021 година порасна за 299 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, додека бројот на ноќевања за истиот период е повисок за 262 отсто, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РСМ.

Согласно таа динамика, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска потпиша Меморандум за соработка со Македонска-Руската Стопанска Комора со која во иднина ќе ја интензивира соработката на полето на размена на информации за туризмот, трговијата, туристичката индустрија, услугите и научно-образвоните знаења. Унапредувањето на билатералната соработка, како што истакнаа од АППТ, значи напор за унапредување на односите и соработката на научно-деловните заедници со Руската Федерација преку различни деловни средби, бизнис форуми и семинари.

Соработката помеѓу двете земји ќе се евалуира еднаш годишно, врз основа на што ќе се проектираат активностите за наредната година.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот најавува дека следниот месец ќе почне со промотивни активности на овој пазар, а дополнително, со асистенција на Македонско-Руската Стопанска Комора ќе организира презентации пред руски тур-оператори во Москва и Санкт Петербург.

Просечниот престој на руските туристи во земјава изнесува 2,3 дена во текот на првите седум месеци за 2021 година, додека посетите на веб страната Macedonia-timeless се покачени за три пати откако е најавена директната линија Москва – Скопје.

Интересот на руските туристи генерално е насочен кон гастрономијата и и верскиот туризам, но не е за игнорирање и интересот што овој пазар го има за специјализирани кратки одмори, до четири дена, во Скопје и Охрид.