МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Арсовска: До крајот на неделата ќе имаме одоговор на понудата од страна на Министерството за култура

Арсовска: До крајот на неделата - Работник
274views

Бобан Илијевски

Секторот култура од 2005 година нема колективен договор, а поминати се веќе 15 години. Владее комплетен хаос во однос на работничките права во културните и уметничките институции, затоа денеска се случува првиот генерален штрајк на културните работници и уметници во државата, рече Претседателката на Синдикатот на културата на Република Македонија – СКРМ, Сања Арсовска на денешната прес – конференција.

Таа истакна дека биле откажани осум претстави, една изложба, шест проекции, шест кино проекции еден концерт и десет проби во театри, како и не работеле тринаесет музеи, со тоа околу 7,000 љубители на уметноста биле спречени да уживаат во уметничките дела.

Арсовска посочи дека на нивно изненадување денеска биле повикани во Министерството за култура, со цел да се реши овој проблем. Таа потенцираше дека соработката со Министерството стагнирала некое време.

„Добивме предлог од Министерството за култура за средствата коишто ги бараме заедно со Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК. Тие средства се одобрени од страна на Владата и би започнале да се спроведуваат од 1 јуни 2020 година“.

Таа рече дека понудата ќе биде ставена на маса пред нивните и членовите на СОНК и откако ќе се увиди дали им одговора предлогот ќе ја имаат и финалната одлука.

На новинарско прашање за тоа дали новиот закон за култура ќе има влијание врз колективниот договор, Арсовска рече дека тој би можело да смени во однос на групирањето, бидејќи има некои групирања кои се спорни. Нормално, колективниот договор трпи секакви анекси и доколку е нешто пропуштено треба да се направи анекс на колективниот договор и да се надополни.

Таа наведе дека на културните работници им е важно тоа што со овој колективен договор ќе се поставт бази и темели, врз кои ќе се гради институционалната култура, во однос на работничките права.

На прашањето дали имало притисок врз нив за да не го одржат овој штрајк, Арсовска рече дека за среќа притисоци немало, но во Драмскиот театар имале мал инцидент, бидејќи биле спречени да ја истакнат објавата за штрајк на албански јазик, но тој проблем бил решен од страна на раководството.

Додаде дека до крајот на неделата би требало да донесат одлука дали ќе ја прифатат понудата од страна на Министерството за култура.