А1ОН:По низата штрајкови годинава: матичните лекари добија покачување на бодот, ќе се пресметува од јануари

Од јануари матичните лекари ќе добијат покачување на капитацискиот бод. На средбите со Фондот за здравствено осигурување договориле бодот од сегашните 65 денари, да се покачи на 75 денари од пациент. Покачувањето на капитацискиот бод беше едно од главните барања на протестите и штрајковите што ги организираа матичните лекари цела оваа година. Ветувањата од власта пред пет години беа дека капитацијата од пациент ќе биде 95 денари, но Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија, вели дека се задоволни и со добиеното покачување.

Повеќе на А1он