СветСветот на работникот

Многу гастарбајтери ја напуштаат Германија: Еве каде заминуваат

Германија во последните години сѐ поуспешно привлекува квалификувана работна сила од странство. Проблемот, меѓутоа, е во тоа што многумина таму не остануваат. Што не функционира?

„Нашиот заклучок е јасен: ако сакате успешно да управувате со имиграција, мора да ја разберете и емиграцијата. Клучно е луѓето долгорочно да ги задржите преку еднакви шани, доверливи процедури, соодветна поддршка и опкружување во кое можат да ја градат својата иднина“, вели Лора Госнер од Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања (IAB).

Институтот спровел онлајн – анкета меѓу лицата на возраст од 18 до 65 години кои се доселиле во Германија до април 2025, за да утврди поради што ја напуштиле земјата подоцна и кои фактори бил пресудни за таквата одлука.

Резултатите покажуваат дека зад заминувањето во главно не стои само една причина. Посебно важна улога играат семејните околности, но и искуствата со дискриминација. Истражувачите укажуваат дека многу фактори, како бирократијата, стамбените политики или учењето на јазикот, политичките промени и унапредувањата, влијаат на тоа дали доселениците ќе останат во државата.

Младите заминуваат во Шпанија и Швајцарија

Кој најчесто ја напушта Германија?

„Луѓето кои заминуваат во просек се помлади, пократко живееле во Германија или често имаат партнери или деца во странство. Исто така, поретко го зборуваат германскиот јазик, но почесто подобро владеат со англискиот“, објаснува експертот на IAB Тереза Кох.

Околу 60 % од оние кои ќе се иселат, се враќаат во земјата на потекло, додека 40 % заминуваат во некоја друга држава. Најчест избор се Шпанија, Швајцарија, Италија и Хрватска.

„Се наоѓаме во директна конкуренција со други европски држави кога станува збор за привлекување на квалификувана работна сила“, вели Јулија Косјакова, раководител на одделението за миграција, интеграција и меѓународни истражувања на пазарот на труд при IAB.

Бирократијата меѓу главните причини за заминување од државата

Поголемиот дел од забелешките кои доселениците ги имаат за животот во Германија не се нови. Меѓу најголемите проблеми се наведуваат долгите постапки за добивање на државјанство, дозволи за престој, виза и признавање на странските дипломи.

Многумина велат дека со месеци чекаат одговори од надлежните институции, како и дека административните такси се превисоки. Проблем претставува и недоволната поддршка кога станува збор за вработување и професионален развој, било од страната на службата за вработување, локалните власти или самите работодавачи.

Сето тоа го отежнува долгорочното планирање на животот, пристапот до пазарот на трудот и развојот на чувството на припадност, вели Лора Госнер.

Според неа, административните процедури значајно влијаат на тоа како доселениците ја гледаат својата иднина во Германија.

„Ако постапкте се доживуваат како бавни, комплицирани и тешко достапни, тоа директно влијае на одлуката дали некој ќе остане во земјата“, наведува таа.

Истражувањето покажува и дека луѓето со повеќе негативни искуства од контатктот со администрацијата поретко се чувствуваат добредојдено во Германија.

Јазикот останува клучот на успехот

Тилман Франк, претседател на Сојузното здружение за меѓународно привлекување на стручна работна сила и директор на компанијата TalentOrange, со години работи на регрутирање на медицински сестри, техничари, воспитувачи и физиотерапевти за германскиот пазар на труд.

Тој добро знае поради што многумина по краткиот престој се одлучуваат да заминат.

„Јазикот е клуч за снаоѓање во Германија, а особено на пазарот на труд“, вели Франк.

Проблемот настанува кога целиот процес од самиот почеток е погрешно поставен – кога не се одбираат соодветни кандидати или не им се пружа квалитетна поддршка во учењето на јазикот.

„Ако тоа не е добро организирано, голема е веројатноста дека луѓето ќе се вратат. Од друга страна, кога имаат адекватна јазична подготовка и кога ќе се одберат кандидати спремни за живот во Германија, стапките на останување се многу високи“, истакнува Франк.

Побарувачката за негувателите е сѐ поголема

Според него, моментално голем број на луѓе од Кенија, Индија и Виетнам се обидуваат да најдат работа и живот во Германија.

Кенија го поттикнува заминувањето на младите невработени во странство, додека родителите во Индија и Виетнам стручното образование во Германија го гледаат како шанса за своите деца.

Посебно е голема побарувачката за работници во секторот нега и грижа за постари лица.

Поради тоа Франк смета дека германската влада би требало да го поддржи учењето на германскиот јазик уште во земјите на потекло.

„Обидите некој да дојде во Германија без познавање на јазикот долгорочно во главно не даваат резултати. Пример за тоа се меѓународните студиски програми на англиски јазик, каде посетителите очекуваат дека подоцна ќе можат да работат во Германија. Во пракса тоа често се покажува како погрешна претпоставка. “, вели тој.

Дополнителн проблем претставува и тоа што многу доселеници на крајот работат на работни места кои не одговараат на нивните квалификации.

„На пример, луѓето кои во својата земја се школувале за работа во акутна болничка нега, овде често завршуваат во домови за стари, работејќи основна нега, а тоа не им е ни однапред добро објаснето“, наведува Франк.

Нова идеја – агенција „Work and Stay

Франк вели дека во текот на годините слушнал безброј приказни за проблемите со германската администрација.

Неговата компанија дури води посебна евиденција за апсурдните ситуации и административните грешки. Еден од примерите е случај каде двајца службеници издале различни решенија со различни рокови за иста виза.

Поради тоа смета дека на доселениците им е неопходна професионална поддршка.

Сепак, забележува и одреден напредок. Политичарите, вели, конечно сфатиле дека не е доволно само да донесат стручњаци во Германија, туку и дека е потребно да се задржат.

„Сојузната агенција за труд воведе централизиран систем кој работи побрзо и подоврливо. Покраината Хесен основа централна служжба за странци, а на сојузно ниво се планира и формирање на агенцијата ‘Work and Stay’“, наведува Франк.

И покрај тоа, секојдневната работа и понатаму е отеженета од недостигот на вработени во надлежните институции.

„Дигитализацијата напредува, но многу бавно. Во главно се воведуваат поединечни решенија во поедичени покраини или општини. Уште не постои единствен и сеопфатен систем“, заклучува Франк.

Извор: b92.net