Убер казнет
Судот за стопански спорови во Париз ја осудил компанијата Убер поради нелојална деловна пракса кон париските таксисти и ѝ наложил да плати вкупно 50.000 евра отштета и судски трошоци поради рекламната кампања, која според оценката на судот, предизвикала забуна.
Спорот се однесува на рекламната кампања од пролетта 2025 година, во која Убер го користел препознатливиот светлечки знак кој го користат таксистите во Париз на крововите на возилата, но натписот „париско такси“ (Taxi Parisien) го заменил со ознаката „париски Убер“ (Uber Parisien) и така ја промовирал својата услуга која овозможува нарачување на лиценцирани такси превозници преку апликацијата.
Судот оценил дека со тоа Убер ги искористил угледот и препознатливоста на париските такси превоници за да оствари комерцијална корист, пренесува Figaro.
Според пресудата, компанијата намерно создала забуна помеѓу својата основна дејност на превоз со возачи (VTC) и такси услугите, иако тие две дејности се базираат на различни правни режими.
На Убер му е забрането во иднината да го користи спорниот визуелен идентитет со било кој друг натпис освен „париски такси“, со парична казна од 50.000 евра за секое утврдено кршење на таа забрана.
Компанијата е задолжена да исплати 40.000 евра на име на нематријална штета на два синдикати на таксисти, како и дополнителни 10.000 евра за нивните судски трошоци.
Спорот помеѓу Убер и такси здруженијата во Франција трае со години, а синдикатите и компанијата на таксисти G7 особено ја оспоруваат праксата на Убер за одредување на фиксни цени за возења кои ги обавуваат лиценцираните таксисти преку апликацијата, наведувајќи дека француските прописи изискуваат возењето да се пресметува со помош на таксиметар.
Извор: b92.net

