БАЛАНСОТ ВО ДИСБАЛАНС: НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ НАВЕЛЕ ДЕКА НЕМААТ ВРЕМЕ ДА СЕ ПОСВЕТАТ НА СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ
Македонските работници не се задоволни од балансот помеѓу работата и приватниот живот, покажа анкетата која ја спроведе порталот Работник, во период од еде месец, на примерок од 88 испитаници. Мораме да напоменеме дека анкетата ни покажа дека кај граѓаните не постои голем интерес за оваа тема, за што сведочи и малиот број на испитаници.
Што покажа анкетата?
На испитаниците им дадовме можност да го оценат задоволството од балансот помеѓу работата и приватниот живот на скала од 1 до 10. Како што може да се види, најголемиот број од нив или 19,5 % го оцениле со единица, додека само 10,3 % го оцениле со 10.
Следното прашање се однесуваше на тоа колку часа неделно вообичаено работат, земајќи ги предвид тука и прекувремената работа и дополнителната работа, доколку ја имаат. Најголемиот дел или 32,1 % истакнале дека работат 40 часа, што е и законски регулираното работно време. 11,1 % навеле дека работат 50 часа и 8,6 % 60 часа неделно.
На прашањето колку често се преоптоварени од работните обврски, речиси половина од испитаниците (44,3 %) навеле дека често се чувствуваат преоптоварено. Само еден испитаник посочил дека никогаш не се чувствувал преоптоварено.
Со оглед на тоа што најголемиот дел се изјаснија дека се чувствуваат преоптоварено, логично е и на следното прашање најголемиот број да дадат повторно негативен одговор – дека немаат доволно време за нивните семејства и пријатели. 46,6 % го потврдија токму тоа.
Кога се работи за активностите и хобијата надвор од работното време, речиси половина од испитаниците посочиле дека ретко наоѓаат време да им се посветат, што повторно покажува дека има уште многу да се работи на унапредување на балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Најголемиот број од испитаниците или 83 % работат во приватниот сектор.
- КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊЕТО „КОЛКАВА ПЛАТА ОЧЕКУВАТЕ?“ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ НА ИЗАБЕЛА ШКОФ, СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА [Видео интервју] - 17/04/2025
- МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ВИСОКО АНГАЖИРАНИ, НО МНОГУ ГНЕВНИ: Состојбата во Европа со ангажираноста на вработените со акцент на Македонија - 13/04/2025
- ЕДНО ПРАШАЊЕ: КАДЕ ДА ПРИЈАВАМ МОБИНГ? - 10/04/2025