БАУ и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка
Бизнис акцелераторот УКИМ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, потпишаа Меморандум за соработка кој предвидува промовирање услуги и идентификување на потенцијални ИКТ компании за развој на сопствени производи и услуги со поддршка.
Според меморандумот, Бизнис акцелераторот УКИМ ќе им помага на членките на МАСИТ да ги дефинираат и развијат своите производи и услуги.
– Меѓусебната соработка, дефинирана во Меморандумот, ќе придонесе кон можност македонските ИКТ компании да учествуваат на настани организирани од страна на Акцелераторот УКИМ за да се информираат за можностите и програмите за развој на сопствен производ и/или услуга, да учествуваат во проценка на потенцијалот на нивните компании и на нивните технолошки бизнис идеи од страна на Акцелераторот УКИМ, да добијат советодавни услуги за различни аспекти од деловното работење, преку поврзување со истакнати ментори кои ќе им помогнат да ја развијат нивната идеја, и да иницираат проектии од заеднички интерес, стои во соопштението.
Дополнуваат дека Акцелераторот УКИМ и МАСИТ се обврзуваат да одржуваат и продлабочуваат соработка и заедничко поврзување за осовременување и спроведување на заедничките активности.