ПравдаСветот на работникот

Башевска: Со закон таткото да мора да оди 3 месеци на породилно отсуство

   Време за читање 3 минути

Невладиниот сектор повеќе од 10 години бара да биде поделено правото на родителите да отсуствуваат од работа кога ќе им се роди дете.

Претседателката на организацијата „Реактор“ за Детектор вели дека е неопходно „породилното“ отсуство задолжително да го користи и таткото, односно и тој да биде задолжен определен период да отсуствува од работа за да се грижи да тукушто роденото дете.

„Во моментов носители на правото на родителско односно породилно отсуство како што се нарекува во нашиот закон се само мајките. Татковците можат да искористат дел од тоа породилно отсуство само доколку мајката се откаже односно не е во можност да го земе. Значи татковците не се носители на такво право. Имаат можност да земат до 7 дена но тоа се води како боледување но не како породилно отсуство. Крајно време е да го направиме тоа како земја. Треба да ја видиме таа одлучност и од креаторите на законот“ – вели Башевска

Таа вели дека за ова разговарале и со креаторите на законите и дека имаат чувство дека постои расположение за вакви измени.  Вели дека невладиниот сектор веќе има изготвено анализи и истражувања кои може да се користат како појдовна основа.

„Не секогаш од сам старт еднаквата поделеност е можеби најдобриот модел. Но она што ние треба да го направиме е да почнеме да воведуваме полека, дали тоа ќе биде минимум еден месец, ние инсистираме да бидат минимум 3 месеци кои што ќе бидат непреносливи за таткото и кои што ќе дадат можност родителите да го комбинираат тоа отсуство меѓутоа барем еден месец на почетокот на добивањето на детето, за партнерите да можат да сфатат како изгледа тој процес и да можат да го учат родителството“ – вели Башевска.

Бужаровска: Жените се дискриминирани – имаме само 6 градоначалнички и 3 министерки

Жените се предмет на дискриминација во политиката и затоа треба да се применува системот на позитивна дискриминација и задолжителни квоти за жени, особено во политиката, смета писателката Румена Бужаровска.

„Ние имаме само 6 градоначалнички во Македонија и да не ја рачунам техничката влада, но во минатата влада имавме само 3 министерки. Најчесто одлучувачките позиции се доминирани од мажи. Мислам дека луѓето се почесто стануваат свесни кога ќе ја видат фотографијата на мажите со машните, дека жените не се присутни во тие одлучувачки моментот. Тоа се системски проблеми кои се врзани со патријахатот и затоа луѓето имаат многу мало разбирање за тоа зошто жените не се присутни во јавната сфера“ – вели Бужаровска.

Таа смета дека жената исклучиво се врзува со домот и домашните обврски а нејзиниот труд не се вреднува, што влијае жените воопшто и да не се амбицираат кон такви функции.

Извор: Сител