Бегањето од токсичното работно место може да биде „меч со две оштрици“. Еве зошто?
Се наоѓате во работна средина за која знаете дека е токсична по вас. Вашето ниво на стрес расте, постојано морате да „гледате преку рамена“ и да внимавате на проблемите…
Можеби работната култура чиј дел сте едноставно не се вклопува во вашиот личен стил и преференци. Без оглед на поединостите, знаете дека морате да излезете од таа ситуација, и тоа брзо!
Но, во брзањето може да дојде до „грешки во чекори“. Треба да се запрашате: Дали бегате од нешто или се стремите кон нешто?
Со други зборови, наместо да се фокусирате на тоа каде сакате да одите и да одвоите време за да го пронајдете вистинскиот спој, се отворате за опцијата „се‘ е подобро од ова“.
Всушност, можеби ќе се вратите таму каде што сте биле претходно. Бегањето може да изгледа навистина атрактивно – на краток рок, но наскоро ќе ви биде потребен нов предизвик. Потенцијално, се‘ што е спротивно од она каде што сте сега – ви изгледа привлечно.
Ако, на пример, таму каде што се наоѓате сега нема структура или систем, тогаш структурата може да изгледа многу привлечно. Бидете свесни дека вашата моментална ситуација може да влијае на изборите кои ги носите.
Ова е моментот да застанете и сериозно да процените што навистина сакате.
Иако вашата моментална средина не ви одговора, тоа не значи дека се‘ друго е подобро. Одвоите време да размислите за елементите на вашите моментални и сегашни позиции кои ви биле позитивно предизвикувачки; тип на средина за која мислите дека најмногу ви одговора; можностите кои би сакале да ги имате во вашата следна улога на вработен.
Размислете за културата на организацијата, како и за тематската содржина и видовите на задачи. Во што уживате, во што сте добри?
Одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да ја нацртате сликата за вашиот идеален, следен чекор. Потоа одредете го приоритетот: Што е апсолутно неопходно на вашата следна позиција и каде имате волја да постигнете компромис?
Создадете си слика на целта кон која трчате. Имајте ја на ум таа слика кога ќе ги погледнете потенцијалните работодавачи и улоги и обликувајте ги вашите прашања во процесите на интервјуирање на начин што ќе ви помогне да ги добиете потребните одговори.
Извор: Telegraf Biznis.rs
Фото: Shutterstock
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024