- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Без рокови за граѓаните за користењето на државната помош од 6.000 денари

Без рокови за граѓаните - Работник
493views

Нема рокови за тоа до кога граѓаните ќе може да ја потрошат финансиската помош обезбедена со четвртиот сет мерки на Владата, која треба да им биде исплатена на сметките, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Првично беше одредено дека до 25 декември треба да се потроши државната помош која ја додели Владата за различни категории граѓани, за што презентиравме во неколку наврати, но ние веќе донесовме одлука дека нема да има рок. Ние сме убедени дека во текот на оваа недела сите граѓани што се во тие категории ќе ја добијат нивната државна помош откако ќе завршат сите процедури во Министерството за финансии, УЈП и со банките каде што тие ги имаат жиро-сметките. Значи, нема рокови, граѓаните ќе ги добијат тие средства и ќе можат да ги користат тогаш кога ќе бидат најпотребни за нив, рече министерот Бектеши.