Бектеши: „Гарантираната цена“ ќе трае најмалку уште еден месец
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека мерката „гарантирана цена“ же продолжи во маркетите низ земјата најмалку уште еден месец, односно и во текот на јануари. Таа како одлука беше предвидено да заврши на 31 декември годинава, но министерот во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека замрзнатите цени ќе се практикуваат се додека не биде донесен Законот за нефер трговски практики.
Според Бектеши, овој нов закон, кој ги регулира односите помеѓу произведувачите, дистрибутиерите и продавачите и со тоа ќе се намалат цените, така што нема да има потреба понатаму да трае мерката со замрзнати цени.
Денеска со секторот за трговија ќе го имаме финалниот состанок и согласно податоците кои ги видовме, ќе продолжи мерката најмалку за еден месец, бидејќи нема да може Законот за нефер трговски практики да започне да се применува на почетокот на следната година.
Во јануари ќе важат мерките за гарантирана цена и да се надеваме дека Собранието ќе го усвои Законот за тој да почне да се применува од почетокот на 1 февруари, нагласи Бектеши и додаде дека ова утре ќе се разгледува на седница на влада
Бектеши дека реча станува збор за законско решение со европско знаменце, поради што ќе треба добро да се прилагоди, додека за самото изгласување нема да бидат потребни повеќе од два дена.