Бектеши: Реално е да се намалат цените на храната за 10 проценти

Досега за субвенционирана цена на електрична енергија од 80 евра се пријавиле 233 производители на храна, кој досега се снабдуваа на слободниот пазар, каде цената е повисока.

Оние што не успеале до сега да соберат документи, тоа дополнително може да го направат, но поевтината струја ќе ја добијат од 1 јануари, за разлика од другите кои ќе ја добијат од 1 декември.

Со оваа мерка, како што нагласи министерот за економија Крешник Бектеши, пресметките покажуваат дека цените реално е да се намалат за 10 проценти.

– Пазарниот инспекторат ќе прави засилени контроли за веќе ограничените маржи од 10 проценти за дел од основните производи, а дополнително од 1 декември ќе се прават инспекциски контроли за тоа дали цената е фирмирана врз основа на субвенционираната цена на електрична енергија – вели Бектеши.