- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Бесими: Бизнис заедницата покажа доверба во економијата и антикризните мерки

Бесими: Бизнис заедницата - Работник
194views

Полнењето на државната каса оди според планот и приходите се на повисоко ниво во однос на преткризниот период минатата година. Досегашната добра кондиција на буџетот се должи на преземeните мерки, но и довербата на бизнис заедницата, а владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, кој според калкулации на Министерството за финансии е амортизиран за 3,9 процентни поени, доколу се има во предвид мултипликаторот од инвестициите овој ефект е уште поголем, односно над 4,2 проценти според некои прелиминарни анализи во Министерството за финансии.

Ова, како што соопшти Министерството за финансии го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во „Утрински брифинг“.

– Полнењето на буџетот е согласно проекциите. Во однос на вкупните приходи заклучно 26 март, тие се реализирани со 21,6 отсто, додека расходите со 22,1 отсто и капиталните расходи со 15,5 отсто од планот. Од почетокот на годината до 26 март, споредено со истиот период лани, имаме раст на приходите по основ на даноци за 4,8 отсто и по однос на придонеси за 3,5 отсто, рече Бесими.

Министерот за финансии посочи дека овие резултати се должат, од една страна, на стимулот на економската активност преку пакетите антикризни мерки, а од друга страна на довербата од бизнис заедницата, која и покрај кризата не се откажа од инвестициите и се воздржа од масовни отпуштања.

-Бизнис заедницата покажа доверба во политиките и проекциите,  не се откажа од инвестициите и не направи масовни отпуштања. Гледаме дека дел од компаниите дури имаа остварено и добивка во текот на 2020 година. Имаше и преструктуирање на дел од стопанството – дел од економијата се надополнуваше со секторите кои беа поекспанзивни во овој период, тоа се ИТ-индустријата, фармацијата, производство на машини и опрема, кои бележат раст. Има преструктуирање и во делот на приватната потрошувачка. Се забележува зголемување на потрошувачката на производите за основна потрошувачка, односно прехранбените производи, како и на трајни добра за домаќинства, вели Бесими.

Тој посочува дека петтиот пакет предвидува мерки кои освен што ќе го поддржат бизнисот, ќе ја стимулираат и економската активност преку поддршка на инвестициите и зголемување на бројот на вработените. На тој начин ќе се делува кон забрзување на заздравувањето на економијата, а понатаму и кон забрзување на економскиот раст.