Проф. Неновски: Вакцинирањето ќе го зголеми оптимизмот кај стопанствениците, но доколку не се стабилизира здравствената криза, состојбите ќе се влошат
За професорот Томе Неновски почетокот на вакцинацијата е позитивен сигнал и пред се причина за оптимизам кај стопанствениците и воопшто кај цекокупното население.
„Постепеното намалување на здравствената неизвесност и стравот за тоа што може да се очекува во блиска иднина на „заразно-вирусен план“, би требало постепено да ја засили и активноста на економските субјекти на планот на потрошувачката како замаец на прозводствените/услужните дејности на стопанството“, вели Неновски во интервју за „Локално“.
Коментирајќи го зголемувањето на задолжувањето на државата како круцијален проблем го посочува фактот дека парите обезбедени на овој начин не се користат за реализирање на капиталните инвестиции.
Повеќе на Локално.мк

