Македонија

Бесплатен јавен превоз поради големата загаденост на воздухот во општина Битола

   Време за читање помалку од минута

Поради големата загаденост на воздухот, општина Битола донесе одлука денеска јавниот превоз да е бесплатен.

„Согласно Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, донесена од Советот на Општина Битола на 23.12.2019 година, Ве известуваме дека, денес 31.01.2020 јавниот градски превоз е бесплатен. Информацијата е испратена до медиуми, објавена на веб страната на Општина Битола, а превозниците на автобусите треба да имаат истакнато известување за слободен превоз“, истакнаа од општина Битола.