СветСветот на работникот

Бирократски хаос во Германија – 27.000 странски работници одбиени поради „прениска плата“

   Време за читање 3 минути

Минатата година, околу 27.000 странски работници, кои веќе имале договори за квалификувани работни места, ја напуштиле Германија. Причината? Германската агенција за вработување (Bundesagentur für Arbeit – BA) сметала дека нивните плати не се доволно високи. Резултатот – бирократскиот хаос низ целата земја.

Ова се случува дури и во мали места како Вајнгартен, но и во големи градови како Хамбург и Берлин – каде странски работници, и покрај сите потребни квалификации и потпишани договори, не можат да започнат со работа. Заднината секогаш е иста: апсурдна одлука на BA, која се држи до бирократски процедури што делуваат спротивно од интересите на сите страни.


Пример од реалноста: печатница не можела да вработи бегалци

Кога печатницата CV Druck во Вајнгартен се обидела да вработи двајца бегалци како помошни работници во складиште, со минимална плата од 12,82 евра по час, Службата за миграции одбила да им издаде работни дозволи. Образложение: „Вообичаената плата за таа работа е значително повисока“, пренесува Focus.

На прашањето зошто, службата ја префрлила одговорноста на BA, која се повикала на својот Entgeltatlas – официјален регистар на плати. Според него, платата за таков вид работници во таа индустрија и регион треба да биде близу 16 евра по час.

Тоа би значело дека нововработените бегалци би заработувале повеќе од постојните работници, па печатарската фирма морала да ги раскине договорите, пред тие воопшто да започнат со работа.


Слични случаи и во Хамбург и Берлин

  • Во Хамбург, компанијата Argus, специјализирана за сообраќајно планирање, сакала да вработи цртач од Азербејџан. Договорената плата била неколку стотици евра пониска од референтната вредност во Entgeltatlas – па договорот бил поништен.
  • Во Берлин, студио за виртуелна реалност понудило на Индиец, кој дипломирал во Амстердам, бруто плата од 2.500 евра месечно. И овој случај бил одбиен од BA – „прениска плата“.

Масовен феномен, не изолирани случаи

Овие не се ретки исклучоци – туку масовна појава. Според податоците, BA минатата година одбила 90.000 барања за вработување странски работници. Во 27.000 од нив, причината била недоволна плата – според член 39 од Законот за престој, кој има цел да ги заштити странците од полоши услови од домашните работници.

Ова претставува зголемување од 75% во однос на претходната година.


Политичарите молчат, а Entgeltatlas создава проблеми

Иако политичарите сè повеќе зборуваат за недостиг на работна сила и потреба од миграција, никој не реагира на овој сериозен системски проблем.
BA ја брани својата пракса со образложение дека така се обезбедува еднаквост меѓу странски и домашни работници.

Но, проблемот е во тоа што Entgeltatlas покажува просечни плати, а не реални вредности од конкретни фирми. Правниците предупредуваат дека тоа доведува до непотребни одбивања и дополнително го отежнува вработувањето на странски експерти.


„Создаваме трошоци, фрустрации и ја спречуваме интеграцијата“

Енгелхард Мазанке, директор на Управата за миграции во Берлин, го сумира проблемот:

„Создаваме трошоци, создадаваме фрустрации, ја спречуваме интеграцијата.“

И додека Германија очајно бара работници, бирократијата систематски ги спречува оние кои се подготвени да работат, дури и кога сите услови се исполнети.

Извор: Феникс Магазин