Битиќи: Ние сме социјалдемократска Влада, за нас животниот стандард на работниците е на прво место

Македонија дефинитивно оди во вистинска насока одбирајќи го патот кон ЕУ смета Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во интервју за Фронтлајн, Битиќи со задоволство говори за постигнувањата на Владата во последниот период. Тоа го припишува на ветувањата што како партија ги доставиле до граѓаните во предизборната кампања.

Ветивме зголемување на минималната плата и тоа го испорачавме. А во 2024 година ќе биде поголема и ќе биде 20.000 денари. Просечната плата уште сега е 33.200 денари, една година и половина пред завршувањето на мандатот и порано од ветеното, зголемени пензии за десет проценти за една година и уште 6-7 во наредната година во март, и она што досега не сме го објавиле е дека над 35.000 пензионери ги извлековме од прагот на сиромаштија и добиваат пензии повисоки од 14.000 денари и сето тоа за една година. Е тоа е успех“, вели Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека Владата обезбеди струја и покрај енергетска криза и наспроти сите сомнежи дека ќе нема да можат да испорачаат.

Повеќе тука