„Работа од соништата“ — ве плаќаат 3.000 долари месечно за да патувате низ Европа и да разговарате со непознати луѓе
Фразата „работа од соништата“ не се користи често. Само неколку работни места можеби заслужуваат таков опис, како што се продавач на книги кои босоноги работата на Малдивите, чувар на приватен ирски остров во друштво на фоки или критичар за хотелска услуга во соба.
Но, сега се појави уште еден кандидат за титулата, работа што вклучува патување низ Европа со сите платени трошоци и разговори со непознати луѓе, пишува „Евроњуз“.
Апликацијата за личен развој „Рајзгајд“ (RiseGuide) моментално регрутира „Глобален извидник за харизма“, кој ќе биде платен 3.000 долари, или околу 2.630 евра месечно за да патува низ Европа осум недели и да ги евидентира своите искуства во разговорите со непознати луѓе.
Избраниот кандидат ќе го оцени секој град според љубезноста на жителите, нивната разговорливост и леснотијата на контакт. Врз основа на овие податоци, ќе се создаде „Европски индекс на харизма“, кој ќе покаже во кои градови е најлесно да се започне разговор со непознати луѓе.
Од кандидатите се бара да бидат енергични, дружељубиви, независни и да уживаат во работата со луѓе. Тие исто така мора да можат да патуваат во рамките на Европската Унија и да бидат подготвени да живеат патувајќи со куфер два месеци. Познавањето на втор странски јазик се смета за предност.
Индексот ќе ги вклучува Рим, Барселона, Лисабон, Париз, Даблин, Атина, Амстердам и Берлин.
Покрај платата, „Рајзгајд“ ќе ги покрие сите патни трошоци, вклучувајќи авионски билети, сместување и активности за време на турнејата.
Апликациите за позицијата „Глобален извидник за харизма“ се поднесуваат онлајн. Покрај биографијата, кандидатите мора да достават видео од три до четири минути во кое ќе објаснат зошто веруваат дека се вистинскиот избор за работата.
Во апликацијата мора да бидат вклучени линкови до јавни профили на социјалните мрежи, како што се Инстаграм или Тикток.

