СветСветот на работникот

Европа бара работници – недостигаат вработени во дури 2.617 занимања, овие професии се особено барани

На европските земји им недостигаат работници во дури 2.617 занимања, а меѓу најбараните се возачи, електричари, заварувачи, градежници и медицински персонал, поради што се’ повеќе се бараат работници од странство.

Недостигот на работна сила и понатаму претавува еден од најголемите проблеми на европскиот пазар на труд, а работодавачите ширум континентот се’ потешко пронаоѓаат соодветни вработени. Според најновиот извештај на Европската агенција за труд, во текот на 2025 година забележани се дури 2.617 занимања во кои недостигаат работници во најмалку една европска земја, пишува Ela.

Меѓу најбараните профили се наоѓаат медицински сестри, лекари, возачи на камиони и автобуси, заварувачи, електричари, водоинсталетери, готвачи и градежни работници.

Посебно е интересно што недостигот на вработени не е ограничен само на високообразовните стручњаци. Голема побарувачка постои и за работниците со средна стручна спрема и практични вештини.

Здравството, градежништвото и транспортот меѓу секторите со најмногу проблеми

Еден од секторите кој се соочува со посебно изразен недостиг на вработени е здравството. На Европските земји им недостигаат лекари, медицински сестри и негуватели, а стареењето на населението дополнително ја зголемува потребата за овие кадри.

Голема побарувачка постои и во градежништвото, каде се барани ѕидари, тесари, кровопокривачи, електричари и водоинсталатери.

Во транспортот и логистиката особено недостигаат професионални возачи на камиони и автобуси, додека индустријата бара заварувачи, металци и оператори на машини.

Во кои земји недостигаат најмногу работници?

Според податоците на Европската агенција за труд, најголем број на пријавени дефицитарни занимања забележан е во Италија, Бугарија, Белгија и Романија.

Италија пријавила недостиг во 253 занимања, Холандија во 195, Бугарија во 193, Белгија во 184, а Романија во 170 занимања.

Тоа покажува дека проблемот не е ограничен само на најбогатите европски економии, туку погодува различни делови од континентот.

Истите занимања некаде се барани, а некаде има вишок на работници

Извештајот укажува и на интересна неусогласеност на европскиот пазар на труд. Дури 98 % од занимањата кои се дефицитарни во најмалку една земја, истовремено се соочуваат со вишок на работници во некоја друга.

Тоа значи дека во Европа постои простор за поголема мобилност на вработените, но и за полесно признавање на стручните квалификации.

Меѓу главните препреки за вработување во друга земја се издвојуваат непознавањето на јазикот, разликите во образовните системи и комплицираните процедури за признавање на дипломите.

Странските работници се’ поважни за европската економија

Европските земји се’ повеќе сметаат на работници од странство за да ги пополнат празните работни места.

Посебно е изразена потребата за странски вработени во здравството, градежништвото, транспортот и различните занаетски занимања.

Сепак, недостигот на работници не значи дека секој може лесно да добие работа во било која европска земја. Условите за вработување, познавање на јазикот, стручните квалификации и дозволите за работа се разликуваат од држава во држава.

Податоците покажуваат дека пронаоѓањето на вработени и усогласувањето на потребите на пазарот на труд ќе бидат меѓу поважните предизвици на европската економија во наредните години.

Извор: Bizportal.rs