- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Битиќи: Оние угостителски објекти кои вршат достава можат да продолжат истото да го прават и по полицискиот час со соодветни дозволи за движење

Битиќи - Работник
653views

Оние економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени ќе бидат опфатени со нови мерки, најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во објава на Фејсбук.

– Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе во пресрет, наведува вицепремиерот Битиќи во објавата.

Advertisement

Тој посочува дека како и во вонредната состојба оние угостителски објекти кои вршат достава можат да продолжат истото да го прават и по полицискиот час, со соодветни дозволи за движење.

– Дополнително, во текот на денот можат да продаваат храна и пијалови од шалтер (take away или to go) без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат, додава вицепремиерот Битиќи.

Advertisement

Битиќи најави дека ќе се спроведат нови мерки за економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени поради новите рестрикции против ширењето на коронавирусот.

Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет, напиша Битиќи на Фејсбук.

Advertisement