Наплив на нови пензионери по најавата дека ќе се укине правото на работа до 67 години
Годинава почна со вкупно 326.295 корисници на пензија по разни основи, колку што Фондот за пензиско и инвалидско осигурување евидентира на крајот на минатиот месец. Тоа е зголемување на бројот за 2.256 во однос на стартот на минатата година.
Статистиката на Фондот на ПИОМ покажува дека поголем наплив на нови пензионери имало пред самиот крај на минатата година. Ако во текот на целата година месечно со право на пензија се стекнувале од 1.200 до малку над 1.900 лица, со исклучок на февруари кога имало нешто над 2.000, во последното тримесечје приливот бил редовно над 2.000 илјади. Или во октомври се пријавиле нови 2.150 пензионери, во ноември 2.206, а во декември 2.373.
Повеќе на Вечер.прес

