ПравдаСветот на работникот

БиХ е во пикот на Ковид – 19, а стотици здравствени работници се на боледување

   Време за читање помалку од минута

Стотици лекари и други медицински работници во Босна и Херцеговина се на боледување во периодот кога земјата го доживува врвот од епидемијата на Covid-19 од која до понеделникот заболеле повеќе од илјада а починале 39 луѓе.

Со коронавирусот во БиХ се инфицирани 1018 луѓе, а жариштата се во Бања Лука со 257 случаи, Читлук со 81, Мостар со 55 и Широки Бријег со 48 случаи. Во главниот град Сараево заразата е потврдена кај 55 лица.

Меѓутоа, властите ги загрижува податокот дека во екот на епидемијата на боледување се дури 700 лекари и друг медицински персонал. Постојат сомневања дека меѓу нив се и оние коишто на тој начин сакаат да го избегнат ризикот од инфекција на работното место.

Повеќе прочитајте на нетпрес.мк