СветСветот на работникот

Божиќна забава со лош крај: 100 вработени во Ербас се затруле од храна

   Време за читање 1 минута

Божиќната и новогодишна прослава за вработените во подружницата на Ербас во Франција доживела своевидно фијаско – десетици вработени се разболеле по забавата на компанијата. Поточно, 100 од нив.

Околку 100 вработени во Ербас Атлантик се разболеле откако се заразиле од храната (божиќен ручек кој го организирала компанијата),

рекол портпаролот на Ербас за CNN, но не прецизирал за кој вид на храна станува збор.

За среќа, во прашање било полесно труење со храна, кое се случило на 15 декември, а сите вработени се за брзо вратени на работа, било соопштено од таму.

Ербас Атлантик, кој основан е во јануари 2022 година, е подржужница на Ербас и е во негова потполна сопственост, е специјализиран за авионски седишта. Брои 13,000 вработени во пет земји, а несреќниот божиќен ручек се случил во Франција.

Тамошните здравствени власти водат истрага за избивањето на заразата, рекол портпаролот на Ербас, и додал дека сите вработени се опоравуваат.

Извор:Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock