- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Бочварски повика сите да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот

155views

Големиот број на активни случаи во Штип, а особено рекордни 60 заразени со коронавирусот се должи на масовното тестирање на работниците во една конфекција, непочитувањето на заштитните мерки од страна на граѓаните, семејните собири, пријателските дружби во домовите или кафеаните сметаат надлежните институции, но и покажаа епидемиолошките анкети.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изјави дека во моментов во Штип има над 260 активни случаи, од кои 33 се на лекување во инфективното одделение, а останатите се на домашно лекување.

Advertisement
Околу 260 активни случаи од кои 33 се хоспитализирани на инфективното одделение, а останатите се на домашно лекување.

– Оваа бројка се должи на масовно тестирање на една текстилна компанија. Сопствениците приватно ги тестирале сите свои вработени коишто се преку 100 и заради тоа само во текот на вчерашниот ден од таа конфекција имаме 29 позитивни случаи, а останатите се од неколку други конфекции и нивни контакти. Во целата оваа ситуација добро е што во конфекцијата, каде што има повеќе случаи не работи од минатата сабота, или некаде осум дена, луѓето се дома. Така што тоа е една состојба со којашто можеме да очекуваме да не се случи големо проширување од овие луѓе, вели Бочварски.

Негова препорака, но и на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип е во фирмите каде што се појавуваат поголем број на случаи превентивно се затворат, а работниците да се пуштат на годишен одмор. Но, како што рече Бочварски најважно од се е граѓаните самите да ги почитуваат сите мерки, со цел да се заштитат, но и да не го шират вирусот.

Advertisement
Advertisement

Бочварски за утре најави состанок со директорот на Клиничка болница-Штип, со цел да им помогнат и да дадат поддршка во справувањето со коронавирусот, но и да се најдат решенијата за справување со пандемијата од септември.

Прашан дали инспекторите излегуваат на терен и го контролираат превозот на работниците во автобусите, Бочварски вели дека такви контроли се прават и од локалните, но и од државните инспектори во Министерството за транспорт и врски. Смета дека најважно е граѓаните и работниците да се придржуваат на трите основни мерки за заштита, но доколку како што рече не се почитуваат апелира да се применат и репресивните мерки од страна на надлежните институции.

– Контроли, казни, овде зборувам за неносење на заштитни маски, овде зборувам за секое непочитување на еден граѓанин, институција, компанија. Така што и во таа насока треба да постапуваме и знаеме сите дека во моментите, кога бевме дисциплинирани и кога сме дисциплинирани немаме проширување на овој вирус. Имавме помал број на новозаразени, вели Бочварски.

Advertisement