- Advertisement -
НовостиПравда

Вакцините „Синофарм“ пристигнаа во Охрид, регионалната имунизација против Ковид-19 почнува утре од 8 часот

Вакцина - Работник
141views

Првата пратка од вакцините „Синофарм“ за имунизација против Ковид-19 пристигна во Регионалниот центар за вакцинација во Охрид.

На примопредавањето на пратката присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, заедно со координаторите на Регионалниот вакцинален центар.

Advertisement

Според планот, од утре во 8 часот стартува масовната имунизација на населението од шест општини од југозападниот дел на земјата во Регионалниот центар за имунизација во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

За процесот на имунизација се монтирани 14 кабини со 28 пунктови за вакцинација, додека за чување на вакцините обезбедена е посебна ладилна комора со дополнителен електрогенератор.

Advertisement
Advertisement

Имунизацијата ќе ја спроведува медицински персонал од сите здравствени установи во градот, а 50 медицински сестри, десет лекари и 24 лица како помошен персонал ќе работат во две смени. Предвидено е во Регионалниот центар за вакцинација во Охрид да се врши имунизација на околу 1500 лица дневно.

Advertisement