МакедонијаНовостиСветот на работникот

Вештачкото покачување на минималецот на 500 евра, може да доведе до ново вртоглаво покачување на цените

   Време за читање 1 минута

Предлогот на синдикатите за пораст на минималната плата на 30 илјади денари со откажување од придонесите на зголемената разлика од страна на Владата за аналитичарите е нереален. Тие велат дека синдикатите пред да побараат нешто треба да направат детална анализа како и за колку  ќе се оштети државната каса за да се оствари замисленото. Коментираат дека буџетот не е буре без дно и вакви замисли треба да одат рака под рака со детални калкулации.        

Поголемото зголемување на минималната плата мора да се одвива паралелно со зголемувањето на продуктивноста. Инвестиции во стручното образование, во модернизација на технологијата, во иновации, вештачка интелигенција се само дел од препораките како да се направи тоа.

Пекевски предлага плаќање по час или таканаречена саатнина за секој да заработи онолку колку што ќе сработи.

Вештачкото зголемување на платите над растот на продуктивноста дополнително ќе ја подгрее инфлацијата. Според дел од аналитичарите, легитимно е работниците да бараат повисоки плати, но треба многу да се внимава на растот на инфлацијата, бидејќи тој потег само ќе ги „изеде“ платите. Токму такви биле и препораките од Меѓународниот монетарен фонд.

Минималната плата сега изнесува 22.567 денари. Таа треба да се усогласи во март и според законските пресметки, зголемувањето би изнесувало околу 1.800 денари или минималецот би се искачил на 24.400 денари..

Извор: Алфа