Вештините стануваат се‘ поважни и поважни, а ова се 10-те кои ќе бидат најбарани во 2024 година
Компаниите насекаде низ светот, па може да се каже и во Македонија ги менуваат практиките на вработување, осврнувајќи се повеќе кон вештините, особено оние поврзани со технологијата.
Секој може јасно да види дека живееме во раните фази на развојот на вештачката интелигенција. Технологијата не е се‘ уште тука да ја оствари утописката визија и да создаде свет без работа, а поголемиот дел од нас се‘ уште не се подготвени во потполност да му се предадат на новиот бран. Тоа значи дека вештините кои ќе бидат најбарани спаѓаат во една од овие две категории. Од една страна, тие вклучуваат овозможување на организациите да го отклучат потенцијалот на новите технологии и алатки, а од друга, тие се однесуваат на максимизирање на вредностите на човечките квалитети и способности кои не ги поседуваат машините.
Со други зборови, некои од нив се технолошки вештини, а некои „меки вештини“. Но она што често им е заедничко е дека ни овозможуваат да искористиме одредени вештини во светот во кој машините од ден во ден стануваат се поспособни.
Forbes дава преглед на 10 сета на вештини за кои смета дека ќе бидат од големо значење во наредните 12 месеци, а веројатно и понатаму:
Генеративна ВИ
Појавата на генеративната вештачка интелигенција (ВИ) како ChatGPT е опишана како „IPhone момент“ за ВИ. Речиси преку ноќ, скоро секој може да го користи за креирање, автоматизација и заштеда на време во својот професионален и прииватен живот. Меѓутоа, потребни се квалитети и способности за воочување на прилики, развој на ефикасни решенија, управување со промени и решавање на етички импликации. Токму оваа вештина ќе биде меѓу најбараните и највредните во текот на 2024 година.
Вештини за одржување
Компаниите препознаваат голема важност во обезбедувањето на работење на начин кој е одржлив и предизвикува минимално влијание врз животната средина. Нето нулта целите се‘ повеќе се сметаат за стратешки деловни приоритети, а посветеноста кон одржливоста често им е потребна на помалите компании кои сакаат да бидат партнери или да работат со други компании и државни органи. Тоа значи дека вештините околку идентификување и имплементирање на зелени решенија се високо ценети.
Управување со проекти
Било да управувате со луѓе или машини, постои растечка потреба за поединци кои се вешти во спојувањето на луѓе, технологија и решавање на проблеми. Преземање на надзор на високо ниво, поставување на стратешки цели и одредување на приоритети во работењето и ресурсите се вон можностите на деловните ВИ алатки. Оние кои работат во овие подрачја имаат прилика без преседан да ја искористат ВИ да им помогне во се‘, од изработка на прототип до истражување, закажување, тестирање и усогласување.
Комуникациски вештини
Ефикасната комуникација е клучен елемент на мноштво деловни вештини. Сега повеќе од кога и да било постои потреба за оние кои можат да идентификуваат прилики за размена на пораки и премостување на комуникациските празнини во организациите. Ќе има повеќе деловни позиции за оние кои ќе можат да ги толкуваат податоците и да ги преведат на „човечки јазик“ за оној кој треба да преземе акција. А со тоа што комуникацијата со машините на природен јазик станува норма, на организациите им се потребни луѓе кои имаат способност да разговараат со нив на начин кој дава најдобри резултати.
Вештини од областа на клиничко здравство
Светот се соочува со недостиг од здравствени работници, а многу од задачите на првата линија од здравствената заштита се далеку од тоа да бидат потполно автоматизирани – ако тоа некогаш и биде возможно.
Докоторите, медицинските сестри и другите здравствени професионалци се‘ повеќе се во можност да ги подобруваат своите вештини со помош на ВИ алатките. Но човечките квалитети како емоционалната интелигенција и емпатијата секогаш ќе бидат критични за нивниот успех. Во развиените економии работните места во здравството се релативно добро платени – што вклучува специјалистички вештини, квалитети и искуство потребно за добро обавување на работата. Работењето во оваа област отсекогаш се сметало за начин преку кои вредните поединци од било кое потекло можат да изградат кариера со сигурност и перспективност, а тоа ќе биде така и во 2024 година.
Вештини за управување со податоци
ВИ револуцијата е изградена врз база на податоци, а разбирањето како да се претворат во вредност станува се поважно за деловниот успех. За да биде етичка и веродостојна за важни задачи како што е унапредување на здравствената заштита и унапредување на научните истражувања, ВИ исто така треба да биде транспарентен и јсен. Вештните за науката за податоците тука играат улога од суштинска важност за да се осигураме дека машината користи податоци на кои можеме да им веруваме во процесот на донесување на правилни одлуки.
Способност за поврзување
Оние кои имаат способност да се спријателат со вистинските луѓе секогаш ќе стигнат далеку во градењето на својот успех. Градењето на мрежа на луѓе која може да ни помогне да ги постигнеме нашите цели, како и да ни помогне во личниот развој, е клучна вештина. Тоа значи дека развојот на способноста за градење на врски базирани на доверба и заеднички цели ќе биде вредна во 2024 година, како и секогаш, бидејќи технологијата отвора нови можности за раст и иновации за оние кои се подготвени да бидат во тек со неа.
Вештини на работа со cloud систем
Се очекува глобалниот пазар на работа со систем на облаци (cloud), помеѓу 2022 и 2030 година, да порасне од 570 милијарди долари на блиску 2,5 билиони долари. Тоа значи дека ќе има растечка побарувачка за оние со технички вештини да им помогнат на големите и мали компании во нивната миграција на облак. Професионалците од оваа област ќе останат важни и конкуретни во 2024 година, но и понатаму.
Инженеринг за машинско учење
Движењето на ВИ револуцијата значи дека ќе постои растечка побарувачка за луѓето со технички вештини да ја имплементираат истата. Во извештајот на Светскиот економски форум (WEF) „Иднината на работните места 2023“ стои дека „специјалистите за ВИ и машинско учење се на врвот на брзорастечките занимања.“ Во 2024 година, иокрај напредокот во генеративната ВИ која значи дека дури и технички невештите поединеци можат да градат ВИ апликации, и во самореплицирачката ВИ која се созадава ( еден пример е AutoML), човечките ML инженери и понатаму ќе бидат барани.
Вештини за сајбер безбедност
Нарушувањето на интернет приватноста, сајбер нападите и обидите за хакирање се се почести и посериозни. Така и казните за компаниите кои не ги заштитуваат доволно своите клиенти на адекватен начин се се‘ посериозни. Сајбер безбедноста е како трка во наоружување, борба против недобронамерни поединци, групи, па дури и актери кои ги спонзорира државата, а кои се натпреваруваат со безбедносните експерти. Сите овие фактори значат дека вештините за градење на безбедност и отпорност на информациските системи ќе бидат едни од најбарните во 2024 година.
Извор: Investitor/ Blic Biznis
Фото: Freepik