ИНТЕРЕСЕН СОВЕТ: „Понекогаш морате да лажете, ако сакате да ја добиете работата“, тврди експерт за вработување
Интервјуата за работа можат да предизвикаат стрес кај кандидатите за работа. Тоа, очигледно, се должи најмногу на прашањата на кои треба да одговорат. Експертот за вработување, Бони Дилбер, вели дека на некои прашања треба да се обрне посебно внимание. Бони работи како регрутер во фримата „Zapier“, а за Бизнис Инсајдер рекла дека со оваа работа се бави десет години и дека нејзиното искуство покажало оти понекогаш морате да лажете ако сакате добро да поминете на интервјуто.
Се споменуваат неколку стандардни прашања, а соговорничката на Бизнис Инсајдер дава примери на добри и лоши одговори:
1. Зошто ја напуштивте претходната работна позиција?
Лоши одговори се, вели Бони, сите оние кои вклучуваат претерано негативен став или напаѓање на поранешниот работодавач. Ако одговорите премногу негативно, фирмата во која сте на интервју ќе се запраша дали, сепак, било до вас или само до фирмата, како и тоа – дали утре на некој друго ќе му го кажете истото за актуелната фирма.
„Мојот шеф беше преголем микроменаџер, а менаџментот на комапнијата немаше поим што работи“ – пример на лош одговор.
„Беше одлично, но сакав да преземам поголем предизвик“ или „Од минатата фирма заминав поради тоа што не се вклопував најдобро во културата на фирмата“ – примери на добри одговори.
2. Зошто ја сакате оваа работа?
Ако во текот на одговорот на ова прашање сте само фокусирани на тоа што вие ќе добиете од работата во фирмата, тие кои одлучуваат за вашето вработување можат да помислат дека не ви е доволно грижа за работата. Запомнете, работодавачите бараат некој кој во одговорот на ова прашање ќе спомене повеќе од платата и бенефициите, некој кој ја истражил фирмата и добро разбира со што таа се бави.
„Сакам работа на далечина, за да можам да бидам дома со децата“ или „Сакам работа која, пред се‘, е добро платена“ – примери на лоши одговори.
„Возбуден/а сум за можното влијание на производите кои фирмата ги креира и навистина сакам да бидат дел од неа“ – пример на лош одговор.
3. Каде се гледате себеси во иднина?
Не е евтино, а ни толку едноставно да се вработи и да се обучи некој. Фирмите се надеваат дека ќе вработат личност која е подготвена да остане на долг рок. Значи, во текот на разговорот за работа важно е да се изразат своите надежи дека добро ќе се снајдете во улогата на долги стази. Фирмите се особено внимателни кога за работата ќе аплицира некој кој е премногу преквалификуван, бидејќи помислуваат дека таа личност би можела да замине прилично брзо.
Да речеме, некој кој бил во управа на некоја компанија во последните пет години, сега се пријавува за улога на соработник. Ако тоа лице рече нешто како „Не успеав да добијам интервјуа за менаџерски позиции, па сакав да се обидам тука“, таа фирма би можела да се загрижи дека кандидатот ќе замине брзо.
„Се андевам дека ќе преминам во финансии, но таква работа е тешко да се пронајде. Поради тоа сум спремен/на да работам на оваа позиција, во секторот за поддршка“ – пример на лош одговор.
„Се андевам дека ќе останам на оваа работа во наредните две до три години и би сакал/а да аплицирам за управна позиција, ако е тоа можно“ – премер на добар одговор.
Бони Дилбер вели дека ситниците би можеле да бидат пресудни.
„Ги поттикнувам луѓето да ги истражат фирмите пред интервјуата, за да можат автентично и себе-својствено да зборуваат за тоа зошто сакаат да работат токму таму“, порачала Дилбер.
Извор: Telegraf Biznis.rs
Фото: Shutterstock

