- Advertisement -
ЗанимливостиНаука

Вибрациите се наоѓаат насекаде околу нас, ние живееме во свет кој вибрира.

Вибрациите се наоѓаат насекаде околу нас. Ние всушност живееме во свет кој вибрира. - Работник
464views
Основниот проблем со кој луѓето се соочуваат, е тој што не знаат како и на кој начин да направат тие вибрации да работат за нив. Факт е дека многу луѓе не знаат колку е силно влијанието на нашата лична вибрација кон нашето опкружување и квалитетот на нашиот живот. Многу е важно да се разбере потенцијалот кој се крие во управувањето и зголемувањето на личната вибрација, бидејќи од неа зависи нашата перцепција за животот и се што во него сe случува. Апсолутно се во нашиот живот во својата подлога има одредена вибрација- нашите емоции, мисли, верувања и уверувања, вредност, однесувања, одлуки, цел, работа со која се бавиме, односи какви што имаме, изборите кои ги правиме.
 
На свесно ниво сите тие категории ги доживуваме и тие се изразуваат на одреден начин, но на подлабоко ниво, тие имаат свој вибрациски запис кој е поважен за нас и промените кои потенцијално сакаме да ги направиме. Зошто?
Затоа што ако со нешто во животот не сме задоволни, треба да го смениме токму тој длабински, вибрациски сегмент за да може да се случи промена во животот. Идејата дека физичкиот свет има енергетска димензија и дека таа се движи и дека преку неа може да се менува животот, не е нова. Но, каква врска има тоа со нас? Што може од тоа да се научи? Постои едно многу интересно, револуционерно откритие во ова подрачје кое му припаѓа на др.David R.Hawkins, психијатар и истражувач на свесност.
 
Во својата докторска дисертација докажа дека сите субјекти и објекти имаат енергија и дека таа енергија вибрира на скала на свесност. Тој ги мапирал фрекфенциите на вибрација кој ги искажал низ посочена скала. Како функционира? Замислете дека имате скала од 1-1000 Hz, со тоа што 1000 претставува најголем степен на свест кое човек може да го постигне. Кога би можеле да го постигнете тоа ниво на свеста, тогаш би биле просветлени. На другиот крај на скалата се оние кои немаат готово никакво ниво на свест.
За да открие каде се луѓето на таа скала, др.Hawkins искористи мускулен тест и кинезиологија.
табела на вибрации – Работник
Тешките емоции како страв, лутина или срам вибрираат на ниски фрекфенции, додека емоциите како љубов, среќа и мир вибрираат на високи фрекфенции. На дното на свесноста се наоѓаат вина и срам.
Вибрациите ќе бидат поголеми ако имаме повеќе луѓе со повисока вибрација околу нас – тоа значи и дека ќе се чувствуваме подобро сами со себе, ќе бидеме оптимистични, ќе имаме помалку стрес во животот и ќе искусиме повеќе среќа и задоволство.
Значи, сите вибрираме на различни нивоа во зависност од емоциите кои превладуваат кај нас. Затоа не заборавајте на себе, истражувајте, запознавајте се себе си, работете на духовност, на љубов.
 
Извор: atma.hr

Advertisement

Advertisement