ПравдаСветот на работникот

Заев: Медицинските сестри се на местото кога зборот и гестот добиваат посебна исцелителна поткрепа за пациентите и нивните семејства

Денеска на Меѓународниот ден на медицинските сестри, им ја упатуваме нашата огромна благодарност и поддршка на најголемата група здравствени работници, кои се секогаш во првите редови и се грижат за здравствените потреби на поединците и заедниците.

Медицинските сестри, кои најмногу време минуваат со пациентите и со нивните семејства, освен стручната помош, се на местото кога зборот и гестот добиваат посебна исцелителна поткрепа за пациентите и за нивните семејства.

Оваа година, во битката со КОВИД-19, тие го заслужуваат целото наше внимание, вниманието на институциите и на здравствениот систем.

Ви благодариме и нека е честит 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри. 👩‍⚕️👨‍⚕️

#InternationalNursesDay