Наука

Видео ги покажува промените на Сонцето во последните 10 години

208views

НАСА објави 61-минутен филм од споени фотографии од нашето Сонце, собирани во период од 10 години. Фотографиите биле направени од опсерваторијата за соларна динамика на агенцијата, која неодамна прослави десетгодишнина од набљудувањето на Сонцето од орбитата.

Опсерваторијата беше испратена во орбитата во февруари 2010 со цел да го истражува однесувањето на нашата ѕвезда и да анализира како условите во вселената влијаат врз животот на Земјата. На опсерваторијата има инструменти кои го следат магнетното поле на Сонцето, како и ветровите што струјат низ нашиот Сончев Систем.

Повеќе прочитајте на факултети.мк