МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(Видео) КСС упати дел од барањата до политичките чинители: Да се донесе закон за систем на плати

   Време за читање 2 минути

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Благоја Ралповски на денешната прес – конференција повтори дел од барањата упатени до политичките чинители.

Едно од барањата кои ги посочи е почитување на законот за минимална плата и како најголем синдикат во јавниот сектор бара носење на закон за систем на плати со кои децидно и детално ќе се опишат и оценат сите структури на дејности во јавниот сектор по примерот на соседните земји и на дел од земјите во Европската Унија.

 

Стоп за трансферот од јавен во приватен сектор за кој многу пати излеговме низ улиците и успешно до сега се спротивставивме на таа политичка мерка за уцена на вработените во јавниот сектор, но очигледно е дека квази-синдикатите ја одиграа својата улога и сведоци сме дека во последните неколку дена сакаат да ја легализираат оваа мерка преку мала врата. Бараме, наместо да се ставаат вработените на трансфер листа, за што според нашите дојави овој период, се делат на подобни и неподобни. Парите кои што ќе се дадат на бизнис секторот во цели две години да се пренасочат кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и да се донесе законско решение за предвремено пензионирање на сите што имаат полни 60 години, но со полн стаж.

„Нашите анализи покажуваат дека годишно во Македонија имаме од  6% до 7% пензионирање во јавниот сектор, така што со проста математиката јавниот сектор со две- три генерации  ќе биде намален од 25 до 30%.Исто така бараме целосна дигитализација и рационализација на јавниот сектор, искрена и фер функционална анализа, преквалификација на одреден број вработени и враќање на кариерното унапредување со цел мотивирање на административните и јавните службеници, но не со оценување какво што го имаме досега, туку преку софтверско решение кое ќе биде дел од дигитализацијата во јавниот сектор со што ќе се направи фер пристап, а трудот на секој поединец ќе биде вреднуван според сработеното, а не по желба на раководителите и директорите,” истакна Ралповски.