Интервјуа

(Видео) Неделков за Работник: Селективното давање на К-15 покажа дека државата за некого е мајка, а за некого маќеа

   Време за читање 1 минута

Излезе како што зборував во минатото, државата за некого е мајка, а за некого маќеа, вели Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков во Работничко интервју за Порталот Работник, осврнувајќи се на гранскиот колективен договор којшто беше потпишан помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ, со кој К-15 ќе добијат околу 20,000 административци.

СОНК во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС на изминатите протести во неколку градови низ државата, помеѓу другите барања, побара и регрес за годишен одмор, односно К-15 за целиот јавен сектор со доуредување на Општиот Колективен договор.

Во интервјуто со г-динот Неделков разговараме и за договорените, но сеуште неисплатени 10 % во високото образование од страна на Министерството за образование и наука и Владата, формирањето на синдикати на јавните универзитети, како и на други прашања кои се актуелни во синдикатот.