АнкетиСветот на работникот

Анкета: 88,19 % се против трансферот од јавен во приватен сектор

   Време за читање помалку од минута

Според одговорите на анкетното прашање на Порталот Работник кое гласеше: „Дали се сложувате со трансферот од јавен во приватен сектор?“, 88,19 проценти одговориле со НЕ, 7,87 проценти со ДА и 3,94 дека се делумно за трансферот од јавен во приватен сектор.

Одговорите покажуваат дека за најавената реформа на Владата за трансферот од јавен во приватен сектор, најголемиот процент од оние коишто одговориле сметаат дека реформата не е позитивна.

Анкетата траеше 10 дена и е на примерок од 127 испитаници.