(Видео) Новинар на ТВ Алсат го демантираше премиерот: Koвачевски доби фискална и леб како доказ дека цената не е намалена

На денешната прес конференција за буџетот за 2023, новинарот на ТВ Алсат, Мефаил Исмаили, му подари на премиерот Димитар Ковачевски леб заедно со фискалната сметка, со цел да му покаже дека најавеното поевтинување од 10% на некои основни прехранбени артикли го нема.

Во повеќе наврати премиерот на владата и министерот за економија најавија дека ќе се намалат основните прехрамбени продукти до 10 %.