- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Синдикатот е под постојан прогон, како институциите на државата да се приватна фирма

Синдикатот е под постојан прогон - Работник
384views

Дел од раководството на синдикатот е под постојан притосок и прогон од страна на именувани функционери, малтене како институциите на државата да се приватна фирма, рече на денешната прес – конференција Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС Благоја Ралповски.

„Се бркаат од работа претседатели на грански синдикати при КСС кои се и членови на Извршниот одбор, се бркаат од работа синдикални лидери на синдикални организации, се деградираат на работните места со неколку позиции надолу и се преместуваат на работни места надвор од местото на живеење“, рече Ралповски.

Истакна дека притисокот секојдневно се зголемува и со откази и со прераспоредување на членови на синдикатот, повторно на место на живеење и оваа бројка постојано расте. 

 

Ралповски рече дека се прави притисок и врз институцијата трудов инспекторат, врз институциите на системот и врз судиите кои решаваат во делот на трудовите спорови за одолговлекување или за пренаичување на претходните пресуди. 

„Јас како претседател на КСС, втор пат добив отказ од мојата матична институција Агенција за катастар на недвижности, иако само пред една година, се вратив на работа по пресуда на основниот суд, апелациониот суд и со потврда на ревизија на Врховниот суд на Македонија. Најстрашниот момент се случи кога инспектор на трудовиот инспекторат, овојпат констатираше дека со мојот втор отказ, по ист основ се сторени експлицитни прекршувања на законот за работни односи, врз основа на што донесе решение за поништување на тој отказ. Но, наместо поништување на отказот, се поништи решението инспекторот од страна на второстепената комисија на Влада, а инспекторот стана цел на прогон и дисциплински постапки“, рече Ралповски. 

Посочи дека има и функционери кои се ставаат над законите и не ги спроведуваат правосилните пресуди кои се однесуваат на синдикатите, нагласувајќи дека ги прекршуваат законите, како и конвенциите на Меѓународната организација на труд, не сакајќи да ја сопираат чланарината на членовите на синдикатот.

Ралповски се осврна и на тоа дека тие како синдикат побарале Ковид – 19 да се смета како професионално боледување, напоменувајќи дека Вицепремиерот Битиќи излегол на прес – конференција и рекол дека на оние работници коишто се во изолација или се заболени од вирусот, ќе им се исплати 100% боледување и дека истата ќе биде на терет на Фондот за здравство, за да после две недели, како што вели, Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, наводно под инсистирање на синдикати и невладини организации, ја повлече оваа одлука.

Подвлече дека КСС ќе ги извести Светската и Европската Конфедерација на синдикати, каде што е членка, како и дипломатските преставници и Европската комисија за прекршувањата на законите коишто се однесуваат на работниците.

Бобан Илијевски